Достапни линкови

Хан: EK ќе препорача пристапни преговори за Македонија и за Албанија


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан за германски Ди Велт изјави дека Европската комисија има намера да препорача пристапни преговори за Македонија и за Албанија.

"Комисијата на ЕУ наскоро ќе им препорача на земјите-членки најверојатно до крајот на летото да отпочнат пристапни преговори со Албанија и со Македонија", истакнува Хан.

Тој порачува дека луѓето во двете земји заслужуваат конкретна европска перспектива. Според него, двете земји направиле важни реформи во минатото, и на тој начин се квалификувале за овој чекор.


XS
SM
MD
LG