Достапни линкови

Иницијатива на Македонија и Унгарија во борбата против тероризмот


Архива: Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски.

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Унгарија, Оливер Спасовски и Шандор Пинтер, денеска се договориле нова иницијатива за потпишување на договори за размена на податоци и информации при спречување на тероризмот и насилниот екстремизам.

Тие денеска остварија средба во МВР, по која Спасовски рече дека Унгарија несебично и помогнала на македонската полиција за справување со мигрантската криза, потсетувајќи дека унгарските колеги досега испратиле 600 службеници кои заедно со полицајците од Македонија ја набљудуваат границата со Грција.

Пинтер ја потенцираше важноста на улогата на македонските полицајци кои ја обезбедуваат границата со Грција во однос на мигранската рута и порача дека Унгарија и натаму ќе дава поддршка во однос на материјални и технички средства, но и во човечки ресурси. Тој додаде дека ќе се почитуваат правата на мигрантите, но и дека нема да се дозволи да се загрози бебедноста на регионот.

XS
SM
MD
LG