Достапни линкови

Познат идентитетот на напаѓачот на амбасадата на САД во Подгорица


Подгорица: Полицијата ја блокира областа околу амбасадата на САД по извршениот напад на зградата. 22.02.2018

Црногорските обвинители и полицијата го идентификуваа напаѓачот на американската амбасада во Подгорица како Далибор Јауковиќ, роден во српскиот град Краљево во 1975 година. Тие рекоа дека активирал рачна граната М75 и дека ФБИ се вклучени во истрагата.

Претходно, полициски претставници под услови на анонимност за Радио Слободна Европа изјавија дека напаѓачот на зградата на американската амбасада во Подгорица бил идентификуван како Далибор Јауковиќ – 43-годишен кој бил роден во Србија, а живеел во главниот град на Црна Гора.

Исто така и црногорскиот дневен весник „Вијести“ извести дека напаѓачот е Јауковиќ и објави фотографија од неговата страница на Фејсбук, на која е прикажана награда која ја добил во југословенската Армија во 1999 година потпишана од поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ. Сепак нема официјална потврда за неговото воено минато или добиените награди.

Претходно, Владата на Црна Гора соопшти дека непознато лице фрлило рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да се разнесе.

Претставници на амбасадата на САД и црногорски претставници рекоа дека никој во амбасадата не е повреден во денешниот напад, за кој владата рече дека се случил во 12 и 30 часот.

XS
SM
MD
LG