Достапни линкови

Иран: ќе се повлечеме од нуклеарниот договор ако немаме економски бенефит


Архива: Иранскиот заменик министерот за надворешни работи Абас Араки.

Иран се закани дека ќе се повлече од историскиот нуклеарен договор со светските сили доколку од него нема економски бенефит и доколку главните банки продолжат со неуспехот да соработуваат со Техеран.

„Ако продолжи истата политика на конфузија и несигурност во врска со нуклеарниот договор, ако компаниите и банките не соработуваат со Иран, тогаш не можеме да останеме во договор кој нема никаква корист за нас“, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Абас Араки.

Според договорот од јули 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили: велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД, Техеран се обврза да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за ослободување од меѓународните санкции.

Но, претседателот на САД Доналд Трамп минатиот месец достави ултиматум велејќи дека мора да се договорат „да ги поправат страшните недостатоци во нуклеарниот договор со Иран“, или ќе одбијат да го продолжат ослободувањето на санкциите од САД кои ги бара Иран.

XS
SM
MD
LG