Достапни линкови

Најмалку 36 загинати, кога автобус падна во провалија во Перу


Најмалку 36 луѓе загинаа кога автобус ноќеска падна во 200 метри длабока провалија во Перу. Полицијата наведува дека 34 луѓе се повредени и дека бројот на загинати може да биде поголем. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Невнимателното возење и лошите патишта одземаат многу животи во Перу. Минатиот месец загинаа 52 луѓе во најсмртоносната сообраќајна несреќа во земјата во изминатите четири децении.

XS
SM
MD
LG