Достапни линкови

ДУИ осомничена за злоупотреба на буџетски средства


Илустрација: Седиштето на ДУИ во Мала Речица.

По претставка на Транспаренси интернешнал - Македонија (ТИ-М), Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство заради понатамошно постапување.

Транспаренси интернешнл - Македонија соопшти дека по анализа на Годишниот извештај за членарини за донации за 2016 година, забележала дека на листата како донатори на ДУИ се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии, наведува организацијата.

Поради тоа на 10 мај минатата година организацијата се обратила до Антикорупциската комисија како надлежна за постапување во вакви случаи. Документацијата од која произлегуваат овие сомневања, според ТИ-М, ДКСК ја предала во Основното јавно обвинителство Скопје, кое е надлежно за понатамошно испитување на овие информации.

XS
SM
MD
LG