Достапни линкови

Заев во Берлин на средба со Меркел


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија. По средбата, како што соопшти владината прес-служба, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес - конференција. За време на посетата во Берлин Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“. Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG