Достапни линкови

Владата ја усвои стратегијата за реформа на јавната администрација


Седница на Владата на Република Македонија. Влада

Македонската Влада ја усвои „Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година“ и го прифати Акцискиот план за спроведување на стратегијата. Како што се наведува во соопштението од Владата, оваа реформата во јавната администрација во поширока смисла значи реформа во приоритетни области, креирање на политики и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност, јавни услуги и ИКТ поддршка на администрацијата, како и во управувањето со јавните финансии. Владата ја разгледа и информацијата за Предлог Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудство која има за цел зголемување на пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници.

XS
SM
MD
LG