Достапни линкови

Владата го усвои предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги


Архивска фотографија-Седница на Владата на Република Македонија

Владата на денешната седница го усвои Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Како што се наведува во соопштението од Владата, основна цел на овој Предлог -закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.

На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација Владата денеска го разгледа и усвои и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со основна цел за усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На денешната седница Владата ја разгледа и усвои и други точки.


XS
SM
MD
LG