Достапни линкови

Мисовски, Ременски и Мемеди избрани за потпретседатели на Парламентот


Архивска фотографија-седница на Собранието на Република Македонија

Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди денеска се избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија. Изборот на Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди помина без дискусија. Гласањето на пратениците за потпретседателите беше поединечно, а тие беа избрани со по 61 глас „за„ и еден воздржан и без ниту еден глас против. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на 34. пленарна седница на Собранието. По изборот Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди дадоа свечени изјави. Седницата продолжи со другите точки од дневниот ред.

XS
SM
MD
LG