Достапни линкови

Вучиќ најави предлог за „решавање на Косово“


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кон крајот на март, најдоцна до почетокот на април ќе излезам со предлог за „решавање на Косово“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ќе излезам со предлог, бидејќи не сум кукавица, имам храброст да кажам што е предлогот, но тој нема да биде-драги Албанци ќе ви дадеме се, туку тоа ќе биде компромисно решение. Доколку не сакаат да разговараат за тоа, ќе имаме замрзнат конфликт“, изјави Вучиќ, додавајќи дека „Албанците го отфрлаат секое компромисно решение и ја сакаат Голема Албанија“.

Вучиќ рече дека Србија не сака да биде„ Голема Србија“, туку сака да го сочува својот идентитет, изразувајќи надеж дека „светот ќе разбере оти Србите не можат се да загубат, а Албанците се да добијат“.

XS
SM
MD
LG