Достапни линкови

ЕУ да ги укине санкциите против двајца соработници на Јанукович


Архива: Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Дипломатите на ЕУ се подготвени да ги продолжат санкциите против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, но да се откажат од казнените мерки против двајца негови соработници, од кои едниот беше сопственик на раскошен имот во околината на Киев.

Дипломати на ЕУ анонимно зборуваат дека ЕУ заклучила дека нема доволно докази да ги задржи на листата на санкции Сергеј Клујев и поранешната министерка за правда Олена Лукаш, за наводна вмешаност во проневера на државни средства под Јанукович, кој беше избран во 2010 година.

Санкциите против 13 други лица остануваа на листата и ќе продолжат уште една година, велат дипломатите. Меѓу нив се наоѓа и Јанукович, неговиот син Олександар Јанукович, поранешните премиери Микола Азаров и Сергеј Абузов.

XS
SM
MD
LG