Достапни линкови

Германската крајна десница за прв пат пред социјалдемократите


На парламентарните избори во септември лани Алтернатива за Германија доби 12,7 насто од гласовите.

Крајно десничарската Алтернатива за Германија за прв пат е пред Социјадемократската партија и би можела да биде втора доколку сега се одржат избори, покажува најновата анкета во Германија. Во неа се прецизира дека 16 насто од гласачите би ја избрале Алтернатива за Германија, додека соцојалдемократите би имале 15,5 проценти. На парламентарните избори во септември лани Алтернатива за Германија доби 12,7 насто, додека СПД 20,5 насто од гласовите, што беше најлош резултат на оваа партија од 1949 година. Конзервативните демохристијани на канцеларката Ангела Меркел остануваат на прво место со 32 насто. Социјалдемократите и демохристијаните се подготвуваат да формираат коалицициска влада.

XS
SM
MD
LG