Достапни линкови

Трамп бара засилена контрола на купувачите на оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп ги поддржува напорите да се засили контролата на купувачите на оружје, соопшти Белата Куќа. Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател разговарал со републичкиот сенатор Џон Корни за мерките кои тој ги претставил со демократскиот сенатор Крис Марфи кон крајот на минатата година и чија цел е зголемена контрола на идните сопственици на оружје.

Властите објавија дека ученикот кој минатата недела уби 17 ученици во училиште на Флорида, оружјето го купил на нелегален начин. Портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс во понеделникот изјави дека додека траат расправите и ревизиите, претседателот Трамп ги поддржува сите напори за подобрување на системот за контрола на купувачите на оружје.

Инаку, Николас Круз, кој уби 17 деца, денеска се појави пред Судот.

XS
SM
MD
LG