Достапни линкови

За ЕК изјавата на Рама е несоодветна


Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна.

Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.

“ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ продолжи да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион,” истакна Реј.

Рама вчера од Приштина порача дека заеднички претседател на Албанија и на Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години.Претходно, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама и оцени дека ЕУ и западните земји ја „ставаат главата во песок“ пред, како што рече, големоалбанската политика.

XS
SM
MD
LG