Достапни линкови

Најмалку 44 цивили загинаа во Сирија


Најмалку 44 цивили меѓу кои и четири деца и една жена загинале во денешниот бомбашки напад на бунтовничките упоришта во источна Гута во близина на Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Нови вооружени напади и засилување на позициите на владините сили околу енклавата навестуваат копнен напад многу брзо. Режимот интензивно ја бомбардира источна Гута, подготвувајќи копнена офанзива, изјави Рами Рахман, директор на Опсерваторијата со седиште во Велика Британија. Од почетокот на конфликот во Сирија загинале околу 400 илјади лица.

XS
SM
MD
LG