Достапни линкови

ИД уби 27 провладини борци во Ирак


Илустрација: Ирачки борци во операција против групата на ИД.

Милитантите на групата на Исламската држава (ИД) во заседа нападнаа група ирачки паравоени борци, убивајќи најмалку 27, соопштија денеска официјални претставници. Нападот доаѓа на два месеци откако Багдад прогласи победа врз ИД во цел Ирак.

Популарните Сили за мобилизација, чадор организација на главно шиитска милиција, во соопштение наведува дека нападот се случил во регионот Хавиџа, околу 300 километри северно од Багдад додека парамилициите спроведувале рации, а напаѓачите биле маскирани во воени униформи, се вели во соопштението.

Борбите траеле најмалку два часа, а некои од милитантите биле убиени. ИД ја презеде одговорноста преку соопштение на новинската агенција Амак.

XS
SM
MD
LG