Достапни линкови

Зариф: Иран одбива надворешен мониторинг на ракетната програма


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили, ако не биде променет со јасна забрана за развој на балистички ракети, меѓу другите промени кои се бараат.

„Зошто да го сториме тоа?“, рече иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф прашан дали Иран е подготвен да прифати надворешен мониторинг на неговата ракетна програма.

Договорот има за цел да ја спречи нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на меѓународните санкции.

„Претседателот на САД има големи амбиции, но тие никогаш нема да се остварат“, рече Зариф во Москва на собир меѓу руски и меѓународни експерти за надворешна политика.

XS
SM
MD
LG