Достапни линкови

РКЕ: Цената на горивата намалена за 2,5 денари по литар


Илустративна фотографија.

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе бидат намалена за 6,19, односно за 4,21 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 65,5 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 67, „Еуродизел (Д-Е V)„ за 57 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,243 денари за килограм и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажжните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 7,21 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,047 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

XS
SM
MD
LG