Достапни линкови

Заев: Македонија очекува решение на спорот за името до јули


Архива: Премиерот Зоран Заев.

Македонија се надева дека ќе го реши деценискиот спор за името со Грција до Самитот на НАТО ова лето, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули“, рече Заев за австриската радио станица ОРФ, истакнувајќи дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен доколку се пронајде решение за спорот.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули оваа година во Брисел.

„Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG