Достапни линкови

Рама: За десет години Албанија и Косово со ист претседател


Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама предложи еден се-национален претседател и една национална безбедносна политика. Овие два предлога тој ги даде на свечената седница на косовскиот парламент, кога зборувајќи за иднината, рече дека Косово и Албанија по десет години може да имаат еден претседател. „Косово и Албанја ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто не еден претседател - симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика“, порача Рама во своето обраќање во парламентот во Приштина. Тој призна дека сега една ваква идеја не е спроведлива, но оти „се што се сонува може да се реализира“.

XS
SM
MD
LG