Достапни линкови

Гаши избран за претседател на БЕСА


Африм Гаши

Африм Гаши е избран за претседател на Движењето „БЕСА“ на денешниот конгрес што се одржа во Тетово. За него гласале 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани од вкупно 575 делегати. Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат.

За Биљал Касами рече дека нивните патишта се веќе одвоени и оти без разлика на тоа каква одлука ќе донесе судот, борбата за барање на правадата, ќе продолжи до крај.

XS
SM
MD
LG