Достапни линкови

САД, Британија и Франција бараат ОН да го казнат Иран


Ирански ракети кои завршиле во рацете на бунтовниците Хути во Јемен

САД, Британија и Франција бараат од Советот за безбедност на ОН да го осуди Иран поради тоа што не успеал да спречи ракети од земјата да паднат во рацете на бунтовниците Хути во Јемен. Според нацрт резолуцијата, трите земји исто така сакаат советот да преземе мерки против Иран поради прекршување на санкциите поврзани со рактетите.

Со резолуцијата ќе им се дозволи на членките на советот да воведат санкции за било какви активности поврзани со употребата на балистички ракети во Јемен. Нацрт резолуцијата треба да биде усвоена на 26 февруари, но најверојатно на неа ќе се спротистави Русија.

XS
SM
MD
LG