Достапни линкови

Порошенко ќе сведочи на судењето на Јанукович


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека донел одлука да сведочи на судењето на поранешниот шеф на државата Виктор Јануковиќ, кој е обвинет за предавство. „Злото мора да се казни, затоа за прв пат во историјата на Украина јас донесов одлука да бидам дел од судењето“, рече Порошенко.

На Јанукович му се суди во отсуство. Тој ја напушти функцијата во февруари 2014 година и избега во Русија по протестите во земјата поради неговата одлука да го напушти договорот со ЕУ со цел да ги подобри трговските односи со Москва.

XS
SM
MD
LG