Достапни линкови

За Нетанјаху најголема закана за мирот е Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран претставува најголема закана за светот и ја повика меѓународната заедница да се конфронтира со „режимот“ во Техеран кој е закана за мирот.

Тој за време на безбедносната конференција во Минхен го осуди иранското лидерство и упати критика за меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година. Нетанхају смета дека има впечатливи сличности меѓу Иран и нацистичка Германија и дека лидерството од земјата сака да го уништи Израел. Тој порача и дека нема проблем со граѓаните на Иран.

XS
SM
MD
LG