Достапни линкови

САД го истражуваат нападот врз база во Сирија


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека САД се уште истражуваат кој го наредил нападот врз сириската база во која биле сместени опозициски сили и воени советници кои се поддржани од неговата земја. „Што и да се случило, ние ќе се обидеме да откриеме. Ние очигледно ќе работиме со секој што може да ни одговори тоа прашање“, рече Матис при неговото враќање во Вашингтон по завршувањето на еднонеделната посета на Европа.

Тој порача дека руските власти со кои САД се во координација не биле запознаени со нападот во покраината Деир ал Зор. Според Пентагон, воздушните напади биле спроведени откако околу 500 припадници на сириските владини сили ја нападнале базата и убиле 100 лица.

Руското министерство за одбрана во минатата недела соопшти дека петмината Руси кои не биле дел од воениот персонал можеби биле убиени во судир со силите предводени од САД во Сирија. Од Министерството велат дека извештаите за десетици или стотици руски жртви во Сирија се „дезинформации“. Руски платеници се борат заедно со сириските владини сили.

XS
SM
MD
LG