Достапни линкови

Лавров ја предупредува ЕУ да не игра двојна политика со Србија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека со поставувањето на Србија пред изборот „Русија или Западот“, Европската Унија ја повторува истата грешка што ја предизвикала кризата во Украина. Тој во интервју за Еуроњуз, посочи дека смета оти ЕУ води двојна политика со Србија, бидејќи од една страна преговара со неа за членство, а од друга и дава сигнали дека нема да влезе во Унијата се додека не го признае Косово и не ја следи надворешната политика на Брисел, што би подразбирало и воведување санкции кон Русија.

Според него, во современиот свет таквите ултиматуми се крајно непристојни и не и доликуваат на една структура каква што е ЕУ. Тој посочува дека на Балканот не постои ниту една земја во која американските и европските амбасадори не би побарале прекинување на пријателството со Русија.

XS
SM
MD
LG