Достапни линкови

Турција очекува победа во офанзивата во северозападна Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека операцијата во северозападна Сирија против курдските Сили за заштита на народот (СЗН) се приближува кон „победа" со секој нареден ден.

Анкара смета дека курдските сили се поврзани со Курдската работничка партија, која се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Турција. Ердоган истакна дека целта на операцијата е безбедно да се вратат дома над три милиони сириски бегалци, кои сега се наоѓаат во Турција. Офанзивата на турските вооружени сили „Маслиново гранче“ во сирискиот град Африн почна на 20 јануари.

XS
SM
MD
LG