Достапни линкови

За Дачиќ арогантно е барањето Србија да го признае Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово. Според него, арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно е тоа да се бара од Србија.

Српските медиуми претходно јавија дека шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел во Приштина изјави дека Србија треба да ја прифати независноста на Косово за да стане членка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG