Достапни линкови

Меј ја отфрли можноста од втор референдум за Брегзит


Британскиот премиер Тереза Меј

Британскиот премиер Тереза Меј ја отфрли можноста за второ гласање за членството на земјата во ЕУ. Меј на конференцијата за безбедност во Минхен порача дека нема враќање назад по резултатите на референдумот во јуни, 2016 година.

„Ние ја напуштаме ЕУ и нема шанси за спроведување на втор референдум или враќање назад и јас мислам дека тоа е важно“, рече Меј.

Брегзит и идниот однос на Британија со нејзините европски партнери се очекува да биде на врвот на агендата на денешниот втор ден од конференцијата во баварскиот град.

XS
SM
MD
LG