Достапни линкови

Вучиќ не верува дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за новинаската агенција Ројтерс, јавува Танјуг.

Тој вели за какво било решение или одлука мора да се изјаснат граѓаните на Србија и дека не е сигурен оти по тоа прашање позитивно ќе се изјаснат мнозинството од српските граѓани.

Мораме да ја согледаме реалноста и да ги разберме односите во светот и односите во Косово и да разбереме дека Косово не е наше како што ние мислиме, но не е и нивно како што тоа се обидуваат да го прикажат. Потребен ни е компромис за каков било договор. Не можете да имате една страна што добива се, додека другата нема ништо, вели Вучиќ во интервјуто.

XS
SM
MD
LG