Достапни линкови

Средба Заев - Радев: Договорот за добрососедство донесе зголемена трговска размена


Средба на премиерот Зоран Заев со бугарскиот претседател Румен Радев во Македонија

Македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Бугарија, Румен Радев, по денешната заедничка средба оценија дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка отворил нови перспективи на соработка меѓу двете држави.

Тие ја потврдија посветеноста на двете држави за унапредување на економските односи и за зголемување на трговијата, со посебни заложби за изградбата на инфраструктурата на Коридорот 8, како и на проектите значајни за енергетска поврзаност меѓу двете земји.

Потпишани се многу договори, очекуваме март - април да паднат цените на роамингот помеѓу двете земји, ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства, Министерството за одбрана со сите свои обуки и центри, што ги даваат на нашата Армија и на полицијата, но она што е најзначајно, обемот на трговијата е веќе преку 10-12 проценти зголемен, имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави… Сето тоа покажува дека Договорот носи само добро за двете земји и за граѓаните на двете држави“, рече премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG