Достапни линкови

МВР објави детали за случајот со силуваната малолетничка од домот „25 Мај“


Тринаесетгодишното девојче, штитеник на домот „25 Мај“, кое тврдело дека е силувано, девет пати било пријавувано за исчезнато од страна на вработените во домот, информираше МВР.

Девојчето на трети јануари било пронајдено во населбата Шуто Оризари во Скопје, каде имало сексуален однос со триесет и девет годишен маж, велат од МВР и додаваат дека таму Џ.К. (68), со сила ја задржала во својот дом со намера да ѝ биде снаа.

„Во друг документиран случај се работи за пријава од вработена во домот „25 Мај“, која по подолго отсуство на малолетничката, извршила разговор со неа, а таа кажала дека имала сексуални односи со постаро лице. За ова е поднесена и пријава од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство“, велат од МВР.

Според Министерството, последната пријава била лани во ноември, кога девојчето било донесено во несознание во Општата билница во Велес. Во тој случај, по барање на МВР, ОЈО издало писмена наредба за вршење на преглед на детето во Судска медицина, а по прегледот, била поднесена кривична пријава против Е.У. за полов напад врз дете, а истрагата е проширена и на други лица.

Случајот го осудија и побараа институционална одговорност повеќе невладини здруженија, активисти за човекови права, политички партии и Народниот правобранител.

XS
SM
MD
LG