Достапни линкови

Во Турција осудени шест новинари на доживотен затвор


Фотографија на Ахмет Алтан и нговиот брат Мехмет Алтан.

Судот во Истанбул осуди шест новинари на доживотни казни затвор обвинети за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година, соопштија турските медиуми.

Меѓу осудените денеска се поранешниот уредник на весникот „Тараф“ Ахмет Алтан, неговиот брат, новинарот и академик Мехмет Алтан и истакнатиот новинар Назли Иличак.

Новинарите беа обвинети за поврзаност со исламскиот свештеник од САД Фетилах Ѓулен, кого Турција го обвини за неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година. Ѓулен ги отфрла обвиненијата.

Обвинетите се теретат за обиди против турскиот Устав и учество во терористичка организација.

Браќата Алтан конкретно беа обвинети за давање кодирани пораки во телевизиско шоу ден пред неуспешниот воен удар на 15 јули.

XS
SM
MD
LG