Достапни линкови

Тилерсон: Турција има право да ја обезбедува својата граница


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на средба во Анкара.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на неговата денешна средба во Анкатра, со цел намалување на тензиите меѓу двете земји, изјави дека САД го признаваат легитимното право на Турција да ја обезбеди својата граница.

По разговорите со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, Тилерсон исто така ја повика Анкара да покаже воздржаност за време на операциите во курдскиот регион Африн во Сирија и да избегне акции со кои тензиите би можеле да ескалираат.

Зборувајќи на истата прес-конференција Чавушоглу рече дека Турција и САД се договориле за потребата за нормализирање на билатералните односи, ветувајќи дека ќе создадат „механизми“ за дискутирање на проблематичните прашања.

Турција се противи на поддршката на Вашингтон на сириската курдска милиција, позната како Единица за заштита на народот.

Тилерсон вчера имаше тричасовна средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по која двајцата рекоа дека е продуктивна, но неубедлива.

XS
SM
MD
LG