Достапни линкови

Одложено рочиштето за жалбата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски


Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски.

Врховниот суд во Атина за 2 март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун на поранешниот началник на УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски.

Рочиштето е одложено поради тоа што адвокатите немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик. Во Судот имало преведувач на бугарски јазик, но одбраната инсистирала на македонски превод, а Грујевски и бошковски се вратени во атинскиот затвор „Коридалос.“

XS
SM
MD
LG