Достапни линкови

ЕУ поделена околу проширувањето на Балканот


Поделби се јавија во Европската унија околу плановите за членство на балканските земји. Некои од членките на дводневниот состанок во Софија предупредија на растечкото руско и кинеско влијание во регионот доколку Унијата не го забрза процесот за прием на земјите од Западен Балкан. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е претседавач на ЕУ предупреди дека е прашање на „сега или никогаш“. Во минатата недела Унијата обелодени нова стратегија за регионот чија цел е на некои земји да им се даде членство до 2025 година, доколку претходно ги решат сите меѓусебни спорови. Некои министри сметаат дека тоа било премногу оптимистички. Шефот на македонската дипломатијаНикола Димитров изјави дека е тешко за земјите да продолжат да се движат во вистинска насока доколку се „заклучени во чекалница“. Според него, регионот нема алтернатива. „Европа е единствната игра во градот“, рече тој.

XS
SM
MD
LG