Достапни линкови

Можни нови санкции од САД против Русија


Aмериканскиот министер за финансии Стивен Манушин

Нови санкции на САД кон Русија би имале мало влијание врз граѓаните или економијата, вели рускиот премиер Дмитриј Медведев за телевизијата Русија 24. Неговата изјава доаѓа по изјавите на американскиот министер за финансии Стивен Манушин кој вели дека во блиска иднина ќе наметнат нови казнени мерки за богатите Руси.

„Нема да предизвикаат некои огромни промени ако објават некои нови листи или некои нови одлуки“, изјави рускиот премиер.

Тој вели дека не гледа голема закана. Американскиот министер пред Одборот за финансии во Сенатот рече дека наскоро ќе издадат нови санкции против богати Руси поради мешање на Москва во претседателските избори во САД во 2016.

XS
SM
MD
LG