Достапни линкови

Премиерот Заев и Џанг од ММФ зборувале за македонската економија


Премиерот Зоран Заев и заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг.

Во Македонија се случуваат позитивни придвижувања, постои фискална стабилност и се спроведуваат реформски процеси за зајакнување на институциите, оценија денеска на средбата во Скопје премиерот Зоран Заев и заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, соопштува владината прес- служба.

Заев на средбата беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, а Џанг од Ричард Дорнбуш, втор извршен директор на ММФ и Јасмин Рахмен, шефица на мисијата на ММФ во Македонија, соопшти Владата.

На средбата се посочени како важни капиталните инвестиции, вложувања во инфраструктурата и во енергетиката што влијаат на определбата на бизнисмените за инвестирање во Македонија.

Констатирано е дека тоа може да придонесе до посакуваниот економски напредок на државата.

XS
SM
MD
LG