Достапни линкови

Мицотакис го критикува Ципрас за прашањето за името


Кирјакос Мицотакис, претседател на грчката партија Нова Демократија.

Лидерот на грчката опозициската партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, ја критикува грчката Влада за начинот на кој ги води преговорите за името. Владата без план и без гаранции тргна да даде сѐ, доволни и беа само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот, вели тој, јавува дописникот на МИА од Атина, во обраќање пред пратеничката група на партијата, Мицотакис рече дека Ципрас, наместо да создаде консензус и поддршка од опозициските партии, формирајќи една заедничка линија, одбрал прашањето за името да го искористи за партиски интереси.

„Веќе сите сфатија дека преговарањето на владата уште од почеток беше погрешно. Без план, без гаранции, тргнаа да дадат сѐ, доволни им беа само два симболични потези, преименување на еден пат и на еден аеродром. Дури и основните прашања за иредентизмот и промената на Уставот ги ставија во агендата по соодветните барања од Нова демократија. И до овој момент сѐ уште не е разјаснето дали овие промени навистина се неопходен предуслов за да продолжи било каков разговор за името, како што ние се залагаме“, рече Мицотакис.

XS
SM
MD
LG