Достапни линкови

Ципрас: Грција нема да толерира предизвици кон територијалниот интегритет


Архива: грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море за чиј суверените спорат Атина и Анкара.

„Нашата порака е јасна. Грција нема да дозволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, рече Ципрас.

Тој потенцираше дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ, додавајќи дека „предизвиците и агресивната ретоорика кон суверените права на една земја членка на ЕУ се насочени и кон целата Унија“.

XS
SM
MD
LG