Достапни линкови

Именувани нови директори на три универзитетски клиники


Илустрација: Клинички центар во Скопје, државна болница.

Именувани се в.д. директори на универзитетските клиники за кардиологија, очни болести и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје, информира Министерството за здравство.

Оттаму наведуваат дека во Универзитетска клиника за кардиологија за в.д медицински директор е назначен д-р Жан Зимбаков, на местото на д-р Беким Поцеста кој е разрешен од функцијата.

Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиан Дума на местото на д-р Беким Татеши.

За в.д медицински директор на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ - Скопје, е назначена д-р Амела Цана, на местото на д-р Агим Караи.

Новите назначувања се после доставените оставки од директори од Алијансата за Албанците.

XS
SM
MD
LG