Достапни линкови

Турција: барање доживотен затвор за 330 учесници во обидот за пуч


Архива: Апсење на осомничени за учество во воениот удар во јули 2016 година.

Турското Јавно обвинителство побара од Судот изрекување казни доживотен затвор на 330 членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција од јули 2016 година.

Некои од обвиненијата се однесуваат за истрагата поврзана со преземањето контрола врз патарините на автопатот Тузла-Орханли, во чии рамки 63 лица се обвинети за уривање на уставниот поредок од кои двајца за смислени убиства.

267 други осомничени, меѓу кои еден од лидерите на пучот, пензионираниот генерал Мурат Ајлон се обвинети за преземање контрола врз касарната во градот Полатли на 80 километри од Анкара.

XS
SM
MD
LG