Достапни линкови

Поранешен ученик уапсен за пукањето во Флорида


Уапсен поранешен ученик за пукањето во Флорида
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Уапсен поранешен ученик за пукањето во Флорида

Американските власти соопштија дека 19-годишен поранешен ученик застрелал и убил 17 ученици и возрасни во средно училиште во државата Флорида. Тој и се предал на полицијата без отпор.

Николас Круз претходно бил искучен од училиштето поради, како што е соопштено, „неодредени дисциплински причини“.

Тој и се предал на полицијата без отпор околу еден час по убиствата.

Шерифот на округот Брауард, Скот Израел, изјави дека Круз имал најмалку една пушка од типот Еј Ар 15 и многу муниција.

„Сакам да почнам со изјава до округот Брауард, до државата Флорида и до оваа нација: уште еден ужасен ден, одвратен ден. Апсолутно ми се лоши да гледам како деца кои одат на училиште, вооружени со ранци и моливи ги губат своите животи“, рече тој.

Шерифот Израел додаде дека пред пукањето Круз објавувал многу вознемирувачки материјали и пораки на социјалните мрежи.

До нападот дојде пред крајот на школскиот ден во Паркланд, Флорида, на околу 70 километри северно од Мајами.

Училиштето го посетуваат околу две илјади деца кои беа евакуирани од зградата. Еве што изјавија некои од нив:

„Слушнав истрели и многумина од нас не знаеја од каде доаѓаат. Видов како некои паѓаат. Им кажав на моите пријатели, но тие не ми веруваа. Потоа слушнавме уште истрели“.

„Истрчав на тениското игралиште, потоа отидовме до гардеробата каде бевме околу два ипол до три часа, потоа отидовме во фискултурната сала по што нè евакуираа“.

„Тој беше на третиот кат. Тој го знаеше училиштето, тој ја знаеше секоја соба каде се наоѓа. Тој беше подготвен за оваа работа“, велат дел од учениците.

Меѓу убиените имало и ученици и возрасни и повеќето биле застрелани во училиштето.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со гувернерот на Флорида Рик Скот и напиша дека Белата куќа соработува со полицијата околу „ужасниот напад во училиштето во Флорида“.

Ова беше 18 пукање во американските училишта годинава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG