Достапни линкови

Убиство во германско училиште


17 годишно момче, уби најмалку 15 лица, во напад во едно средно училиште во германскиот град Виненден, во близина на Штудгард. Полицијата го уби напаѓачот

17 годишно момче, уби најмалку 15 лица, во напад во едно средно училиште во германскиот град Виненден, во близина на Штудгард. Полицијата потврди дека при обидот за бекство, напаѓачот е убиен, а во акцијата се повредени уште двајца полицајци. Како што се соопштува деветмина од загинатите се ученици, а напаѓачот убил и тројца професори, и уште три други лица. Гунтер Отингер, лидерот на германскиот регион Баден-Вутембург каде што се случи несреќата, изјави:


„Ова е ужасен напад и сочувствуваме со локалните жители и целиот регион, со семејствата и учениците. Ќе сторимите се што можеме, за да ја разјасниме ситуацијата.“

рече Отингер.

Како што се јавува, тинејџерот облечен во црна војничка униформа, утринава влегол во училиштето и започнал да пука. Станува збор за поранешен ученик на средното училиште во Виненден. Ова е ден на жалост за цела Германија, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел осудувајќи го нападот.
XS
SM
MD
LG