Достапни линкови

Тачи го критикуваше меѓународниот суд за воени злосторства


Архивска фотографија-претседателот на Косово Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи го нарече меѓународниот суд за воени злосторства“историска неправда”. Во интервју за агенцијата Асошиетед прес дадено денеска во пресрет на 10 годишнина од независноста на Косово, тој го критикуваше судот наведувајќи дека тоа било слично како воспоставување суд кој ќе им судел на Евреите кои биле прогонувани од нациститеа време на Втората светска војна.

“Косово водеше војна за опстанок како нација и не нападна никого, ние немаме ништо да криеме” рече Тачи.

Под американски и европски притисок косовската влада во 2015 година се согласи да воспостави косовски суд за воени злосторства и да одговори на обвинувањата дека припадници на Ослободителната војска на Косово спровела воени злосторства врз етничките Срби од 1998 до 2000 година. Американскиот амбасадор во Косово Грег Делави денеска рече дека судот треба да обезбеди правда за жртвите. Косово прогласи независност од Србија на 17 февруари 2008 година и е признаено од 115 земји.

XS
SM
MD
LG