Достапни линкови

Јункер:Не настојуваме да создадеме европска супер држава


Архивска фотографија-Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Брисел изјави дека не настојува да создаде европска супер држава откако приврзаниците на Брегзитот го критикуваа поради како што велат неговите федералистички погледи.

Силно сум против европска супер држава, тоа е целосна бесмислица, рече Јункер. Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за време на кампањата за референдумот за излегување на Британија од ЕУ ги обвини лидерите на Унијата, како Јункер, дека сакаат да создадат супер држава, наведува Индепендент.

Тој го коментираше и поморскиот инцидент во Средоземното море кај Кипар порачувајќи дека е против односот на Турција. Кипарските Грци ја обвинија Турција дека викендот ги спречувала нивните бродови со свои воени бродови под изговор дека во тек се воени вежби. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го повика Кипар да не ја преминувал како што рече црвената линија во источното Средоземно море откако грчкиот дел на Кипар ја обвини Турција дека ги спречува нивните бродови да експлоатираат природен гас.

XS
SM
MD
LG