Достапни линкови

ЕУ го продолжи ембаргото за оружје кон Белорусија


Илустративна фотографија.

Дипломатите на ЕУ се согласија да го прошират ембаргото за оружје кон Белорусија, но со исклучок на спортски пиштоли со мал калибар. По денешната одлука дипломатите на ЕУ ќе ги подготват документите за обновување на ембаргото пред крајниот рок на 28 февруари.

Говорејќи под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат за темата, дипломати за РСЕ изјавија дека Унгарија и Словачка сакале да биде воспоставено изземање на спортските пиштоли со мал калибар.

Новото ослободување ќе се применува од случај до случај, а националните власти имаат право да прават ограничувања на бројот, велат дипломатите.

XS
SM
MD
LG