Достапни линкови

Патот Дебар- Маврово деблокиран, струја и натаму нема


Лавина на патот Дебар- Маврово

Екипи на „Македонија пат“ засилени со механизација на други институции и фирми од регионот на Дебар, Жупа и Маврово- Ростуше, напладне ја пробија лавината на патниот правец Маврово- Дебар, која изутрината во целост го блокираше патот во близина на Манастирот Свети Јован Бигорски.

Градоначалникот на општина Маврово- Ростуше Медат Куртовски изјави дека втората лавина која се случи околу 5 часот била многу поголема од првата лавина од снег која се случи синоќа. Тој рече дека сега патот е отворен за сообраќај.

Инаку поради големи штети на далноводот, сите селски населби во општина Маврово- Ростуше се без електрична енергија повеќе од 40 часа.

XS
SM
MD
LG