Достапни линкови

Турција спроведува антитерористичка акција во Дијарбакир


Архива: турски војници чуваат стража на улица во Дијарбакир.

Турските власти во југоисточниот округ Дијарбакир денеска воведоа полициски час поради спроведување на масовна антитерористичка операција, соопштија локалните власти. Забрана за излегување на улиците стапи на сила во 8 часот по локално време во 71 село и 105 ненаселени територии.

Во соопштението се наведува дека во тие области е можно да се наоѓаат високи членови на сепаратистичката организација Курдска работничка партија (ПКК). Во округот се спроведе акција за уништување на засолништа, магацини и други објекти, а ќе се одзема оружје и средства за комуникација на ПКК.

Засега не е одредено колку ќе трае полицискиот час, а антитерористичката операција се спроведува паралелно со офанзивата на турската Армија во северна Сирија наречена „Маслиново гранче“ против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

XS
SM
MD
LG